Долгото гледање на телевизија го зголемува ризикот од смрт

Истражувањето спроведено на 8.900 возрасни мажи во Австралија открило дека секој дополнителен час на маратонски гледање на филмови, серии или било каков друг тип на телевизиски програм, за 12 проценти го зголемува ризикот од смрт.

Истражувањето објавено во магазинот „Medicine & Science in Sports and Exercise“, започнало да се спроведува уште во 1999 година со мерење на навиките за гледање на телевизија на учесниците во ова истражување.

После 12 години, 909 од нив починале, од што кај 130 лица причина за смртта била воспаление добиено од премногу часови поминати пред телевизор, кое подразбира широк спектар на заболувања од типот на Алцхајмерова болест, астма, дијабетес и заболувања на бубрезите.

Оние кои пред телевизиските екрани поминувале од два до четири часа дневно, имале 54 отсто поголем ризик за смрт предизвикан токму од некое од овие заболувања.

„Најмногу време во гледање на телевизија поминуваат постарите лица, во главно оние со понизок степен на образование, кои имаат пониски приходи и многу веројатно се поранешни пушачи, често имаат дијабетес и хипертензија и лоша здравствена состојба. Оние кои гледаат телевизија со часови веројатно имаат и лоши навики во исхраната“, изјави докторката Меган Грејс, еден од авторите на ова истражување.

Научниците откриле и дека поврзаноста на повеќечасовното гледање на телевизија и кардиоваскуларните болести постои независно од тоа дали поединецот е пушач или има висок крвен притисок.

гледањемагазинпопуларносмрттв