Докторите и сестрите од март ќе добијат повеќе пари – 4000 денари за дежурство во викенд, 3000 преку недела!

Министерот за здравство Венко Филипче изјави  дека обезбедени се средства за зголемување на платите за пет отсто на сите здравствени работници во втората половина на 2018 година, како и дополнителен износ на средства за дежурствата за докторите и сестрите во Клиничкиот центар и во сите болници во државата,а тоа нема да важи за хирурзите кои веќе имаат зголемување. Најави дека дежурство кое сега се плаќа од 900 до 1.340 денари во работен ден, од март/април ќе биде платено 2.500 до 3.000 денари, а викенд дежурството кое сега е 2.800 денари или 2.900 денари ќе биде платено  4.000 денари.

дежурстволекарипариплатапопуларно