Во периодот од 14-17 Ноември 2018 година во Луксор, Египет се одржа IX Интернационален конгрес за хирургија на рака и микрохирургија каде д-р Синоличка Џамбазова беше поканет предавач заедно со уште 12 експерти-хирурзи за рака од целиот свет ( Русија, Јужна Кореа, Грција, Кина, Турција, Шпанија, Америка, Мароко, Египет, Кувајт, Белгија).
Д-р Џамбазова доби специјално признание за благодарност и стручен придонес. Исто така воспоставени се и нови мостови на пријателство и соработка, но и покани за нови работни посети во Кувајт и Јужна Кореа.
За време на престојот во Египет остварена е официјална работна посета на Универзитетот СОХАГ-Египет, при што е организиран прием на највисоко ниво од страна на првиот човек, деканот на Универзитетот.
– Разговаравме за професионални, стручни теми од областа на медицината, со посебен акцент на хирургија на рака-микрохирургија. Беше организирана работна посета на одделот на хирургија на рака-микрохирургија, при што се извршија неколку операции и беа разменети оперативни техники и искуства, изјави за samozdravje.mk д-р Синоличка Џамбазова.