Доктор предупредува за начинини на шминкање кои трајно можат да му наштетат на здравјето на очите

Многу истражувања сведочат дека девет од десет жени се изложуваат на ризик од некои болести или проблеми со очите, редовно практикувајќи одредени трендови во шминкањето. Во желбата да бидат убави и негувани, многу дами не размислуваат за последиците.

Д-р Алекса, офталмолог од Канада, редовно споделува совети за нега на очите со своите следбеници на нејзиниот „TikToK“. Така, пред неколку дена објави видео во кое откри кои популарни методи и третмани за шминкање никогаш не ги практикува.

На прво место е „кревање“ и боење на трепките – „Lash Lift“

Подигнувањето на трепките стана многу популарно во последните години низ целиот свет, вклучително и во Македонија. Тоа е третман за подигнување или виткање на трепките, чија цел е да го истакне нашиот изглед, но обемот на трепките да изгледа природно во споредба со маскарата и вештачките трепки.

„Подигнувањето на трепките е еден од третманите што јас како офталмолог никогаш не би го направила. За да се постигне саканиот ефект, при овој третман се користат многу токсични хемикалии и киселини. Тие можат многу да ги иритираат очите. Со постојана примена, можат да го оштетат чувствителното ткиво во внатрешноста на окото, што може да доведе до трајни последици“, вели докторката.

На второ место е водоотпорната маскара

“Секогаш им советувам на жените да не користат водоотпорна маскара секој ден. Во процесот на производство се користат различни хемикалии, кои не можат да се растворат во нашите солзни канали. Постојаната употреба на овој тип маскара може да предизвика иритација и сувост на окото. Исто така, некои од овие хемикалии може да доведат до трајно губење на трепките“, забележува докторката.

Третата работа е сенка за очи со светки

Треба да бидеме внимателни со светкавата пудра или сенки за очи кои оставаат сјај и ситни честички. Тие можат да влезат во окото, да навлезат во солзавниот канал и на тој начин да ги иритираат очите

„Светкавата шминка за очи е честа причина за иритација или инфекција на рожницата. Сјајот на сенките може да го изгребе окото, исто како песокот или нечистотијата“, заклучила докторката.