Доколку сакате да имате рамен стомак направете ја само оваа една мала промена во вашата исхрана

Доколку сакате да имате рамен стомак, тогаш само една мала промена во вашата исхрана може да ви помогне во тоа.

Нутриционистката Меган Стапс за списанието Eat This, Not That изјави дека најдобрата навика за јадење што ќе ви помогне да имате рамен стомак е да јадете пет или шест помали оброци во текот на денот наместо три обилни оброци.

„Ова ќе ви помогне да го одржувате метаболизмот да работи оптимално и нема да се прејадете. Со други зборови, оваа навика е едноставен начин подобро да го контролирате внесот на калории, а истовремено да се чувствувате и задоволно”, вели таа.

Се разбира, овој вид на исхрана веројатно ќе биде тешка промена за луѓето кои се навикнати да јадат три обилни оброци дневно. Стапс препорачува постепено да го навикнувате вашето тело на нешто различно така што прво ќе продолжите да јадете три оброци, но во помали количини. Исто така, треба да започнете да подготвувате две помали закуски помеѓу оброците.

Важно е да консумирате храна богата со протеини и влакна. Истражувањето спроведено во Велика Британија во 2018 година покажало дека со овој тип на исхрана ќе го намалите чувството на глад а ќе ја трошите енергија.

Освен тоа, помалите оброци ќе ја намалат надуеноста, а докажано е дека можат да го подобрат и здравјето на срцето, т.е. го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.