Доколку го подгревате јадењето може да предизвикаат рак

Со подгревањето на некои намирници го извлекувате отровот од нив

Со подгревањето на некои намирници само го извлекувате отровот од нив. Стануваат токсични и во некои случаи можат да предизвикаат и канцер.

Ова е листата на намирници кои би требало или веднаш по готвењето да ги јадете или доколку ги одложите за подоцна, тогаш да ги јадете ладни, и никако да не ги подгревате.

Јајца

Спаѓаат во ризичната група и никогаш не би требало да ги подгревате јајцата. Јајцата ја имаат таа предност што можат да се чуваат во фрижидер и да се јадат ладни.

Печурки

Тие се јадат веднаш по подготовката, тоа е старо правило кое веруваме, го знаете сите. Ако ги подгревате печурките, може да дојде до проблеми со системот за варење.

Спанаќ

Спанаќот не е пожелно ниту да го оставате за ден потоа, а ниту пак да го загревате повторно. Кај спанаќот хранливите материи посебно се претвораат во канцерогени.

подгревањеракхрана