Добро е одвреме-навреме да го прескокнете појадокот

Објаснување на доктор

Појадокот е најважниот оброк во денот – со ова ретко кој не би се сложил. Во текот на годините, голем број здравствени експерти предупредуваа на опасноста од прескокнување на појадокот, но најновите здравствени докази можат да го променат ваквото размислување.

Нешто повеќе за нив зборувал и д-р Џон Берарди, соосновач на “Precision Nurition” за “Sheerluxe”.

Нема да го забрзате метаболизмот

“Идејата дека недостатокот на оброците го забавува метаболизмот во целост е неточна. Количината на калории и нивниот состав односно протеините, јаглехидратите и мастите влијаат на метаболизмот”, вели д-р Берарди.

Постот е добар одвреме-навреме

“Ако го прескокнете појадокот и не јадете ништо до ручекот, вие технички сте постеле по вечерниот оброк, а предностите на постот се многубројни”, вели докторот.

Вашата телесна тежина нема да се зголеми

“Наспроти заблудата дека оние кои го прескокнуваат појадокот, се прејадуваат за време на ручекот и во текот на денот, студиите покажуваат дека со пропуштање на појадокот може да се намали дневниот внес до дури 400 калории”.

Ќе го намалите внесот на јаглехидрати

“Прескокнувањето на појадокот може да ве одврати од типичните намирници кои вообичаено ги појадуваме, а се богати со јаглехидрати. Тука спаѓаат тостот, целите житарки, слатките пецива итн.”, истакнува д-р Берарди.

Ќе бидете побудни

“Студиите покажуваат дека постот не влијае на когнитивната способност. Всушност, тој може да ја поттикне менталната будност. Поголема е веројатноста оние кои појадуваат чинија житарици или палачинки рано наутро да бидат попоспани”.

докторпојадокпрескокнување