Јануари-септември 2017 – 1.507.308 антибиотици
Јануари-септември 2018 – 1.560.098 антибиотици
Во првите девет месеци годинава во Македонија биле пропишани 53.000 антибиотици повеќе од истиот период минатата година, покажуваат податоците од Мој термин.
СТЕНД – Според официјалните податоци 2 проценти од македонските граѓани дневно пијат антибиотици. Ова е трипати повеќе од Скандинавските земји. Но, експертите сметаат дека реалната бројка на употребата на овие лекови во земјава е многу поголема.
– Оптимистичките прогнози се дека се трошат 30 отсто повеќе од ова, додека песимистичките дека потрошувачката е двојно поголема од официјалната, и изнесува 40 луѓе од 1.000 жители, изјави проф.д-р Никола Пановски, претседател на комисијата за следење на антимикробната резистенција при МЗ.
Неконтролираната употреба на антибиотиците според професорот Пановски предизвикува отпорност на бактериите кон овие лекови. Затоа овој период кога преовладуваат вирусите да не се пијат на своја рака.
Иако употребата на антибиотици во земјава за 25 години е намалена за речиси 50 проценти, сепак сме во групата на европски земји во кои и понатаму многу се користи оваа терапија. Очигледно задолжителното издавање на рецепт кое беше воведено пред 6 години не ја промени навиката кај граѓаните да голтаат апчиња.