Скопскиот центар за социјални работи ги завршил дисциплинските постапки против 22 вработени по скандалот со силуваната малолетничка во домот 25 Мај. По изготвување на записниците, наредната недела надлежите треба да кажат кој каква казна ќе добие. По речиси два месеци откако јавноста беше шокирана од веста дека 13 годишна штитеничка морала да абортира, министерката за труд и социјална политика вели дека за конкретниот случај само едно лице веднаш било суспендирано од работа.
-Итна суспензија имаше за едно лице, за другите се дисциплински постапки и незнаеме какви казнени мерки ќе има. Тие погрешиле, но во постапката не за да бидат веднаш суспендирани, вели Мила Царовска, министерка за труд и социјала
За случајот со силуваната штитеничка, Министерството покрај дисциплински поднесе и 11 кривични пријави за вработени до основното јавно обвинителство. Во тек е предистражна постапка и засега нема инфорамции дали ОЈО ќе отвори предмет.
-Поднесовме прекршочни, дисциплински и кривични. До каде е псотапката не знаеме, од ОЈО биле во домот, го посетиле, сослушувале наши вработени, вели Царовска
И додека Царовска проблемите ќе ги решава со најавената деиснституционализација, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека за скандалот во домот 25 мај никој не понесе политичка одговорност.
Мила Царовска се сокри зад наводна истрага која заврши со пониски структури во министерството и без грам срам продолжи да го води МТСП, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ
Случајот со девојчето го обелодени Ромска невладина организација кои кажаа дека повеќе пати бегало од домот, било силувано и малтретирано и било принудено да абортира. Во истиот период уште две бремени штитенички заврешија на Гинекологија.