Директори на клиники и болници по струмичка линија?!

Дали по партиска припадност или недомаќинско работење оди разрешувањето на директори на здравствени установи?. Извори за samozdravje.mk, велат дека најголем број од кандидатите кои треба да седнат во директорските фотелји на клиниките ќе бидат по струмичка линија. Таков е примерот со новоназначениот в.д. директор на Онкологија Нино Васев. Со струмичко потекло е и Викторија Јовановска која била најсериозен кандидат за директор на Клиниката за Гинекологија и акушерство.

Со Токсикологија најверојатно ќе раководи Нино Беќаровски а тепачка за директорското место има на Очна Клиника каде се препукуваат од ДУИ и партијата на Села.

Комотност во директорската фотелја се уште има директорката на Пластична хирургија Смиља Туџарова, која според шпекулациите ќе менаџира и во наредниот период.

болницидиректориклиникипопуларнострумица