Околу 24.200 лица до 18 години од семејства корисници на социјална помош се ослободуваат од плаќање партиципација за болничко лекување. Ваква одлука е донесена на последната Владина седница. И тие влегуваат во програмата заедно со пензионерите кои имаат примања под 12.600 денари. За оваа намена обезбедени се 20 милиони денари.
-Владата донесе програмата за измени и дополнувања на програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) којашто покрај пензионерите ќе ги опфати и лица до 18-годишна возраст на семејства корисници на социјална парична помош во Република Македонија за 2018 година, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на Р. Македонија.