Австриски пулмолог верува дека децата кои си го чепкаат носот и ја јадат неговата содржина се поздрави од останатите деца.
Причина за тоа е гликопротеинската состојка кои слузта ја содржи, а која помага во изградба и јакнење на имунолошкиот систем.
Оваа грозна навика може да биде и корисна, посебно за децата и нивниот развој, пишува порталот Kidspot.
Во слузницата на носот и синусите се произведува околу еден литар слуз дневно, која допринесува за блокирање на прашината, бактериите и останатите нечистотии од воздухот кој го дишеме.
Слузта има функција на леплива лента, која спречува подлабоко продирање на бактериите во организмот и на тој начин го чува нашиот систем за дишење. Доколку овој систем не би постоел, сите нечистотии би се таложеле директно во нашите бели дробови.
“Носот е филтер во кој се собираат бројни бактерии, а кога таа мешавина ќе стигне до цревата, всушност дејствува како лек”, вели пулмологот.
Професорот додава дека слузта претежно се состои од вода, соли и протеини и дека истата не е штетна за детскиот желудник.
Оваа материја од носната шуплина содржи мала количина на контаминати кои делуваат како антигени, а со нејзино консумирање може да се подобри имунолошкиот систем, пренесува Kidspot.