Деца со посебни потреби неможат да добијат стоматолошки услуги на Клинички

Околу 200 деца со посебни потреби се на листата на чекање за стоматолошки услуги. И да имаат неподнослива болка или е потребно пломбирање на заб, мора да чекаат на ред бидејќи кај нив овие интервенции лекарите ги прават само со анестезија. На одделот за детска стоматологија при Стоматолошкиот клинички центар нема анестезиолог па со договор ангажираат од КАРИЛ. До пред пет месеци листата била двојно поголема бидејќи не работел и апаратот за анестезија.

-Не сака да јаде, ја кубе косата и знаеме дека е болка од забот, но немаме избор и мора да чекаме бидејќи има многу други деца пред нас кои се со истата мака, реагира родител на дете со посебни потреби.

Стоматолошкиот клинички центар е единствената институција каде третираат деца со посебни потреби од цела држава. Министерот за здравство е запознаен со проблемот и очекува со ангажирањето на анестезиолози од КАРИЛ, стоматолозите да ја редуцираат листата на чекање.

-Тој проблем е наследен, односно е од претходно и сега нема застој и им прават заби, а со договорот со КАРИЛ може да се надмине проблемот, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Од Стоматолошкиот клинички центар велат дека во еден ден можат да примат две такви деца бидејки кај нив интервенцијата трае и по три часа. Покрај листата на чекање, постојано имаат и нови пациенти кај кои е неопходна интервенција со анестезија

анестезиологдеца со посебни потребизабистоматологија