Луѓето со прекумерна тежина дишат повеќе воздух и затоа повеќе се подлежни на болести предизвикани од загадувањето, покажало едно канадско истражување. истражувањето во кое биле вклучени 1900 луѓе било спроведено од страна на д-р Пјер Брошум, професор на Универзитетот во Монтреал, “Школа за јавно здравство” во Канада.
По резултатите од истражувањето Пјер изјавил дека оние со прекумерна тежина се повеќе подлежни на прифаќање на лошите честички од воздухот што може да доведе до разни болести.
Друга студија спроведена во Велика Британија покажала дека десет проценти од смртните случаи се поврзани со загадувањето во воздухот.