Оние што обрнуваат големо внимание на хигиената, сигурно многу често ги менуваат пешкирите. Токму за ова прашање, научниците велат дека не мора пешкирот да го фрлате после едно бришење, туку истиот пешкир може да го користите 3-4 пати.
Најчеста причина заради која пешкирот го ставаме за перење после само едно бришење се можноста за развој на бактерии и мувла. Сепак тие ќе се развијат доколку после бришењето не го исушите правилно или во краен случај ќе се развијат после три до четири употреби. Препорачливо е пешкирот да го чувате надвор од бањата за време на туширање, за да не прима непотребна влага.