Во денешно време пилингот (козметичката процедура за чистење на кожата на лицето) стекнува сé поголема популарност.
При длабокиот пилинг несомнено се постигнува видливо подобрување на состојбата на кожата – таа станува посветла и повеќе чиста, а освен тоа исчезнува и несаканата пигментација. Но освен позитивните ефекти, оваа постапка може да доведе и до доста непријатни последици.
За безбеден може да се смета само површинскиот пилинг, при што ефектот на осветлување е минимален.
Пилинг со просечна длабочина влијае на подлабоките слоеви од епидермисот, но може да провоцира зајакнување на пигментацијата во иднина, односно по некое време проблемите со кожата може да се продлабочат.
Длабокиот пилинг логично покажува како агресивно влијание врз кожата, но пак тој придонесува за делумното уривање на меланоцитите, што доведува до појава на одржлива пигментација и по време – до голем број на можни компликации.
Дерматолозите препорачуваат да се ограничуваме само со постапката на површинскиот и во ретки случаи на просечниот пилинг.