В петок најверојатно ќе почне вакцинацијата против прип. Како што соопшти министерството за здравство годинава обезбедени се 41.000 дози, од кои 28.000 вакцини за прв пат ќе бидат бесплатни за лица над 65 години без примања и пензионери со прочечна или потпросечна пензија. За разлика од претходните години, оваа сезона имунизацијата ќе стартува со три недели задоцнување поради тендерските процедури. Според епидемиолозите пролонгирањето нема да има влијание во заштитата од грип.
-Затоа што од искуствата од изминатите години покажуваат дека кај нас сезоната на грип почнува во декември и јануари, обично пикот е во јануари и февруари, изјави д-р Владимир Миќиќ, епидемиолог во ИЈЗ.
Инаку годинава комерцијалната вакцина против грип ќе биде четиривалентна, односно ќе штити од 4 типа на вируси и ќе биде поскапа. Надлежните сеуште ја утврдуваат цената, но неофицијално ќе чини 600-тини или 700-тини денари. Вакцинирањето ќе се врши во Центрите за јавно здравје.