Втората љубов е многу повеќе од едноставно површно заљубување. За разлика од првиот пат, сега свесно одбираме да бидеме ранливи, отворени. Кога се прави ваков ризик, си дозволуваме да се препуштиме со целото срце – ние сме позрели, сменети и овој пат знаеме што сакаме и како истото да го добиеме.
Втората љубов најчесто се случува неочекувано, по бавното и несигурно спуштање на ѕидовите што сме ги изградиле по првото скршено срце. Почнуваме и тивко да се надеваме дека нешто добро ќе се случи, и кога конечно ќе искусиме нешто такво, посакуваме да можевме да притиснеме пауза и подолго да уживаме во моментот. Сфаќаме и дека сме престанале со споредбите и дека немаме план за бегство, во случај на опасност. Преку смеа одново ја откриваме сопствената магија и во тој момент веќе ни небото не ни е граница.
Не постои ништо друго како љубовта на овој свет, ништо толку прекрасно, чисто, скромно, возбудливо, но истовремено и застрашувачко. Токму затоа и сосема е во ред да се плашите, но не смеете да очекувате неуспех бидејќи токму тоа и ќе го добиете. Имајте верба, вложувајте доволно труд и сè ќе биде како што треба.
Втората љубов ќе ве потсети колку навистина сте силни, колку храброст има во вашето срце. Па зарем има нешто посовршено од тоа?