Наместо секојдневно капење, поборниците на овој тренд, сметаат дека е доволно да се оди под туш само еднаш до двапати неделно. Честото туширање ги ослободува корисните природни масти од кожата и косата. Иако ова можеби звучи одвратно, многумина очигледно веруваат во тоа. Студија спроведена од страна на британски производител на влажни марамчиња покажала дека околу41 отсто од мажите и 33 проценти од жените во оваа земја не се тушираат секој ден. Студијата исто така покажа дека дури 12 отсто под туш одат само еднаш неделно а за 37 отсто од малките дневната хигиена значи само прскање со дезодоранс. Социолози од Универзитетот во Ланкастер велат дека секојдневото туширање стана тренд од неодамна. Порано нашите предци се бањале еднаш во неделата. Интензивно туширање ја нарушува природната флора на кожата сметаат вирусолози. Но предупредуваат дека она што загрижува е што граѓаните ретко ги мијат рацете во текот на денот. Британскиот совет за хигиена открил дека повеќе од половина од населението тоа го прави помалку од 5 пати на ден.