Дали сладоледот ви дава енергија?

Сладоледот е извор на енергија. Иако содржината на сладолед варира помеѓу брендови и видови генерално тој е одличен извор на енергија. Сладоледот е богат со јаглехидрати, околу 15 грама во една порција која содржи околу 7 грама масти и 2 грама на протеини што е доста енергетски густа. Според американските истражувања, половина чаша ванила сладолед обезбедува 137 килокалории енергија. Сладоледот е добар избор кога е потребна енергија. Исто така тој е извор на витамини и минерали. Богат е со калциум и фосфор. Сладоледот содржи и витамини А, Ц, Д и Е, и тиамин, рибофлавин, ниацин, фолна киселина, витамин Б-6 и Б-12 Обезбедува и мала количина на витамин К, кој е важен за крвта. Иако некој нема да верува но сладоледот помага во контрола на тежината. Поради шеќерот овој десерт идеално оладен до – 6 степени се смета за смртоносен за добрата линија. Сепак, некои американски истражувања врдат дека калциумот ја намалува својата калорична вредност помеѓу 125 и 300 калории на 100 грама.

енергијајаглехидратисладоледшеќер