Дали навистина жените во црвено се попривлечни?

Жените, кои носат црвена облека се попривлечни, а тоа во помала мера важи и за мажите, покажува едно кинеско истражување.

Во студијата на истражувачите од Универзитетот во Вухан во централна Кина, се нагласува дека црвената облека го зголемува женскиот сексипил, како и дека дамите во црвено изгледаат поспособни и покомуникативни.

Научниците на групата од 280 суденти им покажале фотографии од спротивниот пол во сина, бела и црвена облека, а потоа од нив барале да ги проценат по убавина.

Студентите највисоки оценки во однос на убавината, компетенцијата и љубезноста им дале на најженствените жени, кои на фотографиите носеле црвена облека.

– Црвената боја ја зголемува сексуалната привлечност на жените, нагласи др. Фангфанг, чија студија е објавено во списанието „Evolutionary Psyhology“.

Студентките, кои учестувале во истражувањето, исто така позитивно ги оцениле мажите, кои на себе имале еден дел од облеката во црвена боја. Меѓутоа премногу црвена боја на мажите, според жените остава впечаток на агресивност.

жениљубезностоблекапривлелностцрвено