Миомите се најчестите бенигни тумори на матката. Бенигната природа на овој тумор ја исклучува можноста за метастазирањето на други органи, но сепак може да предизвика некои проблеми, како што се обилно менструално крварење, неплодност, абортус, отежнато породување …
Миомите можат да имаат симптоми, но тоа не е правило. Често се откриваат случајно, за време на редовниот гинеколошки преглед.
Мал миом, без компликации и симптоми може да се третира со хормонските препарати, кои влијаат врз неговото намалување, но само привремено. Хируршкиот третман се препорачува за поголемите миоми.
При оваа интервенција може да се извади само туморот (мијектомија) или целата матка (хистеректомија), за што одлучува лекарот врз основа на различни параметри и увиди во здравјето на пациентката. Најважна е само редовната контрола.