Научниците од универзитетот од Торонто, пронајдоа сосема неочекувана поврзаност помеѓу насилните соништа и ризикот од определен тип на болести.
Поточно, резултатите од нивното истражување покажуваат дека оние кои често сонуваат соништа со насилна содржина имаат за 80 проценти поголеми шанси да заболат од некое неуродегеративно пореметување, како Паркинсонова болест или деменција.
Во суштина проблемот е во реткото нарушување на РЕМ фазата (rapid eye movement) од сонот, па луѓето започнуваат да се однесуваат во согласност на она што го сонуваат.
-Нашето истражување покажува дека пореметувањето на сонот може да биде ран знак на предупредување, за болести кои може да се појават дури 15 години подоцна, вели доктор Џон Пивер, од Универзитетот од Торонто.
Пореметувањето на РЕМ фазата може да се појави во било кој период од животот и е поверојатно да се појави кај мажите, отколку кај жените.