Дали какаото ја подобрува работата на мозокот?

Постарите лица со секојдневно пиење на какао можат да го подобрат здравјето и функцијата на мозокот. Всушност, ова е резултат на истражувањето во кое 60 лица со просечна возраст од 73 години пиеле две чаши на какао на ден. По пиењето крвта побрзо им доаѓала до мозокот, покажало истражувањето. Истите биле успешни и на мемориските тестови.

Оваа билка со кафеава боја , всушност е вистински еликсир на здравјето. Уште од шпанските колонизатори потекнува фасцинација со овој пијалок и оттогаш со вековие еден од омилените пијалоци на кој му се препишуваат многу лековити својства .

За постојан умор и исцрпеност потребна е дневна доза на какао. Овој пијалог го препорачуваат и против болки и намален апетит. Исто така какаото според британски научници е добар лек против опаѓање на косата. Посебно препорачуваат во него да уживаат жените. Односно, жени кои секојдневно пиеле чаша какао имаат помека и влажна кожа која е отпорна на сончевите зраци .

еликсирзаморкакаомозокработа