Дали имате недостаток на витамин Д?

1. Фрактура на коските

Организмот престанува да создава коскена маса во 30 – та година од животот, а помалата присутност на витаминот Д ќе ја забрза и влоши појавата на симптомите за остепороза. Поради тоа не треба да не чуди за луѓето кои имаат помалку витамин Д дека имаат честа појава на фрактура на коските за разлика од оние кои имаат доволна количина на витаминот.

2. Болки во коските

Суптилна, но постојана болка во коските и зглобовите може да биде последица на медицински болести како артритис, остеомалација или фибромиалгија. За тоа непријатно чувство може да биде виновен недостатокот на витаминот Д.

3. Лошо расположение

Клиничката депресија во поголемиот дел од случаевите директно е поврзана со недостатокот на витаминот Д. Иако нема јасен доказ за тоа, стручњаците веруваат дека недостатокот на овој витамин влијае на лачење и количините на хормонот серотонин, кој го одредува расположението на луѓето.

4. Прекумерно потење

Прекумерното потење има многубројни причини, а еден од нив е и недостатокот на овие важни сусптанци во човековиот организам. Доколку лицето Ви сјае од големата количина на пот која се лачи дури и кога Вашето тело мирува, се наоѓате во умерено ладно опкружување, а телесната температура не е поголема од 37 степени Целзиусови, размислете за тест кој ќе открие колку имате витамин Д во телото.

коскиорганизампопуларносонцефрактура