Вирусните брадавици кај децата најчесто се инфективно заболување „Molluscum contagiosum“ кое лесно се пренесува преку директен контакт со друго заболено лице.
Болеста може да се пренесе и преку индиректен пат, на пример преку бањање во иста када, базен, делење на иста облека и сл.
Кај помалите деца ова инфективно заболување започнува да се манифестира преку појава на светлоцрвен осип кој пред се се појавува на лицето а потоа се шири низ останатиот дел од телото. По одредено време, кожата станува сува и почнува да се лупи наместа формирајќи брадавици кои можат да бидат во различна големина.
Сепак, според медицинските податоци, брадавиците најчесто се лоцирани на лицето, очните капаци, вратот и пазувите.
Кај поголемиот дел од децата брадавиците се повлекуваат сами од себе.
Извор:Мама365