До неодамна дебелите луѓе се сметале за здрави, а докторите многу повеќе се загрижувале за ненахранетите Американци, од кои некои биле премногу сиромашни за да можат да купат хранливи намирници.
Меѓутоа, новите технологии во производството на храна донесоа повеќе евтини намирници на маса и состојбата се промени.
Осигурителните компании забележаа дека дебелите сопственици на нивните полиси порано умираат од тие кои се со просечна тежина. Побарале начин на кој би можеле да го измерат вишокот масти и наишле на едноставна формула која уште во 1832 година ја развил белгискиот математичар Адолф Кетелет.
Формулата подразбира тежината да се подели со квадратот од висината во метри.
Така индексот на телесната маса влезе во официјални истражувања и во текот на 80-тите, во клиничката слика.
Денес, речиси сите доктори во тек на рутински преглед го проверуваат и индексот на телесната маса. Ако е под 18,5 се смета дека некој е неухранет, од 18,5 до 24,9 е нормално, додека ако е поголем од 25 ќе ви советуваат да ослабете.
Она што е загрижувачки во целата приказна е дека поновите истражувања покажуваат дека лицата на кои индексот зборува дека се дебели, всушност живеат подолго во споредба со лицата со нормална тежина. Таа појава експертите ја нарекуваат парадокс на дебелината.
Дали целосно треба да се занемари индексот на телесната тежина? Не, но тоа не треба да биде единствено мерило за нечија здравствена состојба. Многу е поточен одност меѓу обемот на струкот и колковите. Колку е поширок струкот, лицето е во поголема опасност од срцеви болести.