Иако на прв поглед се чини дека времето кога треба да се пие водата не е многу важно, сепак таа може значително да влијае на варењето на храната и апсорпцијата на хранливите материи, па дури и на апетитот.
Најдобро е водата за пиење да биде на собна температура. Ако во текот на денот јадете премногу храна, најдобро е водата да се пие 15 до 30 минути пред секој оброк, пишува “Men’s Health magazine”.
Ова нема значително да влијае врз варењето на храната преку ублажување на дигестивните ензими и ако станува збор за редукциона диета, водата може да го намали апетитот.
Препорачливо е кога ќе почувствувате глад да испиете голема чаша вода и да видите дали сте биле жедни или навистина ви се јадело.
Ако користите флаширана вода, треба да обрнете внимание на нејзиниот состав.