Дали алкохолот ја уништува цревната флора?

Некои истражувања потврдија дека прекумерноно конзумирање на алкохолни пијалоци може да доведе до дисбиоза (нерамнотежа на цревната флора). Меѓутоа, кога станува збор за умерено пиење, резултатите се малку поразлични. Поточно, една студија ги испита ефектите од три типа на алкохолни пијалоци врз цревната флора.

Во текот на дваесет дена, една група луѓе пиела 272 мл црвено вино секој ден, втората група иста количина комерцијализирано вино, а третата група 100 мл џин. Испитаниците кои пиеле џин дневно ја намалиле количината на корисни бактерии на цревата, додека црвеното вино го зголемило бројот на овие бактерии, па дури и го намалило бројот на штетни бактерии како што е клостридија. Овој ефект на умерена потрошувачка на вино, најверојатно, се должи на полифенолите.

Полифеноли се фитохемиски соединенија кои, во билките, ги има во изобилие. Познати се по антиоксидантните својства и имаат многу важна улога во зачувувањето на здравјето. Постојат 8.600 познати полифеноли и може да се најдат во продукти како што се чај, вино, чоколадо, овошје зеленчук и во маслиновото масло. Овие антиоксиданси ги штитат нашето тело од штети кои ги нанесуваат слободните радикали, и на тој начин спречуваат срцеви заболувања, рак, Алцхајмерова болест и го успоруваат стареењто.

алкохолцревна флора