Чоколадото е најдобро да се јаде за појадок

Според истражување на Универзитетот на Сиракуза, црното чоколадо ги подобрува умствените функции, меморијата, расудувањето и концентрацијата.

Со оглед на тоа дека на сите ни е важно нашиот мозок да работи со полн капацитет преку целиот ден, научниците препорачуваат – црното чоколадо е најдобриот појадок.

Научниците препорачуваат и дека тоа треба да се јаде пред испит, но и пред спиење. А, и кога сте на диета, оти помага при намалување на килограмите, бидејќи го забрзува метаболизмот.

Секако, чоколадото треба да продолжиме да го консумираме и кога сме тажни – го поттикнува лачењето ендорфин, хормонот на среќата.

мозокпојадокпопуларночоколадо