Секоја жена би сакала да има плакар полн со чевли, но секогаш постојат најомилени кои најчесто се носат, а тие многу зборуваат за тоа каква личност сте.
Чевлите многу откриваат за карактерот на личноста која ги носи, особено ако видите лице кое неколку пати по ред е во ист тип на обувки, што значи дека тоа е омилена обувка.
Високи потпетици со отворени прсти носат жени кои отворено ја покажуваат својата женственост, сакаат другите да се вртат по нив и флертуваат на сите страни.
Чевлите со платформа зборуваат дека се работи за жена која не сака да се вклопува во масата околу себе, точно знае што сака, а карактерот е цврст и непопустлив.
Популарните каубојки ги носат многу чувствителни, достојни и храбри лица кои можат да имаат непријатен, директен и искрен карактер, а не се плашат да возвратат со еднаква сила со која ја примаат.
Балетанките се чевли за мечтателки, вечни девојки чија имагинација никогаш не престануваат да градата некој убав свет околу себе.
На крајот, патиките се знак на опуштени, лежерни жени кои не се грижат ни најмалку за тоа што околината мисли за нив, а единствено ги интересираат нивните желби.