Четири бебиња од Скопје и Кочани заболеле од магарешка кашлица

Пријавени се 4 случаи на голема кашлица, три случаи од Скопје и еден од Кочани, сите на возраст
помали од 1 година. Во однос на вакциналниот статус, 2 деца не се вакцинирани, едно дете е вакцинирано со една доза вакцина која содржи компонента против голема кашлица, а за едно дете
нема податок. Дијагнозата кај заболените е утврдена лабораториски и клинички.
Изминатите неколку години со засилување на антивакциналните кампањи, педијатрите постојано апелираат дека постои голем ризик од враќање на веќе искоренети и опасни заразни заболувања, како шро е и големата или меѓу народот позната како магарешка кашлица. Во минатото од оваа болест имало и голем број на смртни случаи.

бебињавакциникашлицапедијатрипопуларно