Честите херпеси и рани на устите знак за сериозен здравствен проблем!

Ако често ви се јавуваат афти, херпеси и рани на устата, тогаш тоа укажува на здравствен проблем.

Најчесто се јавуваат поради хормонско пореметување, преголем стрес, недостаток на витамин Б, како и фолна киселина.

Покажува и на пад на имунитетот, како и алергија на одредени намирници.

Иако речиси секој од нас во некој период од животот може да го добие вирусот на херпесот, тој не кај секого се развива како клиничка инфекција. Со зајакнувањето на имунолошкиот систем, значајно може да се спречи појавата на херпеси.
Ако некој кој е еднаш заразен со вирусот херпес симплекс, останува носител целиот свој живот.

Херпес симплекс: Симптоми

Вирусот создава мали, болни меурчиња на усните. Овој вирус е заразен. Тој се пренесува со бакнување или со друг личен контакт со личноста која е заразена од вирусот или со предмети кои се во допир со вирусот – крпи, цевки за пиење, прибор за јадење).

Херпес симплекс предизвикува низа симптоми кои траат помеѓу една и три недели пред да се појават меурчињата. Личноста може да се пожали на болка во грлото или да забележа отечени лимфни жлезди.

Можна е и појава на тешкотии во голтањето или треска. Во некои случаи, постои пецкање во подрачјето каде што меурчињата ќе се појават или чешање на кожата. Иако меурчињата кои се појавуваат како херпес изчезнуваат за од два до десет дена, вирусот останува „успиен“ во телото.

Алтернативни решенија кои можат да го олеснат проблемот:

1) Ладно-топли облози на погодените подрачја. Ако имате меурчиња на усните, пробајте наизменично да ставате мраз и топоп чај.
2) Измијте ја устата со топла вода, помешана со морска сол
3) Избегнувајте многу зачинете храна, цитрони или која било храна која може да ви предизвика печење на местото
4) Антивирусните лекови можат да ви ги препише вашиот лекар, но би требало да ги употребувате откако ќе се појават првите знаци на херпес

имунитетпроблемраниустихерпес