Черомија-највкусното овошје на светот

Черимоја е уште позната и како тропско јаболко, и е комбинација на тропски ароми што нуди вистинска симфонија на вкусови од кокос, банана, ананас и папаја. Не е ни чудо што Инките го чуваале ова вкусно овошје за најпривилегираните.

Големиот Марк Твен изјавил дека ова овошје го има најубавиот вкус кој им е воопшто познат на луѓето.

Черимојата потекнува од Јужна Америка, поточно од Андите. Постои во суптропските региони во светот, а најголем комерцијален производител денес е Шпанија.

Тропското јаболко е бодликаво и има жолтозелено корупка. Во внатрешноста е бело, се јаде така што овошјето се пресекува на половина, а потоа се консумира со лажица. Може да се збогати и со сок од лимета, но веројатно е најдобро да се ужива во единствениот вкус притоа не додавајќи ништо. Черимојата е богата со витамините Ц, како и железо, калциум и фосфор. Таа помага дури и при воспаленија на мочниот меур и бубрезите.

Плодовите се собираат додека се сеуште цврсти, со оглед на фактот дека созреваат на домашна температура, на сонце. Кога е зрела, таа попушта под притисок на прстите, како кивата и авокадото. Внимавајте да не купувате кафеавкасти или згмечени плодови, бидејќи тоа го означува крајот на нивниот рок на трање. Секако, може да ги користите и во различни салати или како додаток на различни јадења

.

највкусното овошјеЧеримоја