На Универзитетот во Окленд, пред неколку години е направено истражување, кое докажало дека редовното пиење вино може да помогне дури и кај бронхитис и грип.
Според научниците, луѓето кои редовно консумираат намирници богати со флавоноиди, ретко се разболуваат.
Виното, како и зелениот чај, има многу антиоксиданси кои ги ублажуваат процесите на воспаленија и ја зајакнуваат отпорноста при инфекции.
Па сега, слободно можете да се напиете неколку чаши во текот на денот, препорачливо после оброци.
Француски рецепт за „вино против настинки“:
- 0.75 l црвено вино
- 10 g цимет
- 4 лажици шеќер
Измешајте ги сите состојки и варете ги на пареа. Полека загрејте го виното на температура од околу 60 степени. Пред служење можете да додадете и малку изрендана кора од лимон.
Оваа количина на варено вино е доволна за 2 дена. Од овој пијалак можете да пиете по 3 чаши во текот на денот. На здравје!