За време на празниците наздравуваме за живот, здравје, љубов, среќа…И, тоа е дури и пожелно ако не претераме со „чашката“, туку бидеме умерени и уживаме.
Стручњаците препорачуваат изборот да го сведеме на црвено вино и дури да го пиеме секој ден. Бидејќи, само една чаша црвено вино дневно ги разградува маснотиите, го намалува нивото на холестерол во крвта и го спречува затворањето на артериите.
Доколку се конзумира во таа, пожелна и дозволена количина, таа е во служба на здравјето и мелем за срцето.
Анализите покажуваат дека тајната на неговото лековито дејство се крие во салицилната киселина која има поголема моќ од многу лекови, па се препорачува и како превентива за кардиоваскуларните заболувања. Само е важно да се запре на препорачаната доза. Освен тоа, виното е богато со магнезиум и витаминот Б, па делува опуштачки на човековиот организам и го заштитува од хроничен стрес, несоница, замор, нервоза и раздразливост. Во исто време витаминот Ц, кој го содржи, го јакне имунитетот и е препорака во ладните, зимски, денови.