Брзи начини да се ослободите од главоболката

Следен пат кога ќе ве заболи глава...

Речиси половина од возрасните луѓе ширум светот се соочуваат со главоболка најмалку еднаш годишно. Постојат многу видови главоболки, како на пример мигрени, главоболки поради напнатост, главоболки поради проблеми со синусите или проблеми со очите и слично. Главоболките предизвикани од напнатост се едни од најчестите и од нив страдаат околу 1,6 милијарди луѓе. Бидејќи главоболката не дава никакви знаци дека ќе се појави, добро е да ги знаете овие начини за брзо ослободување од неа.

Туширање

Туширањето со топла вода ги релаксира напнатите мускули и може да ја намали главоболката. Но бидејќи нема секогаш да бидете во можност да се туширате, можете да користите и топли облоги.

 

Ароматерапија

Аромата на одредени етерични масла, особено од лаванда, може да ја намали главоболката. Нежно масирајте ги челото и слепоочниците со маслото и легнете во тивка и затемнета просторија за да се релаксирате. Исто така добро е и маслото од нане кое е ефективно во намалување на мигрените.

 

Вода

Дехидратацијата е честа причина за главоболки. За да ги намалите, пијте доволно вода во текот на денот. Но имајте на ум дека претераното пиење вода може да предизвика хипонатремија, состојба каде што натриумот во крвта станува премногу разреден. Ова може да предизвика главоболка, гадење и подуеност – симптоми кои често се слични со оние на дехидратацијата.

Ѓумбир

Ѓумбирот се користи со векови за лекување главоболки, вклучувајќи ги и мигрените. Неодамнешните истражувања само ја потврдиле неговата ефикасност. Доколку имате главоболка, можете да испиете сок од ѓумбир што ќе го направите самите – измешајте една лажичка ѓумбир во прав со вода.

Масажа на дланките

Можете да ја намалите главоболката и со помош на акупресура. Овие точки ја намалуваат напнатоста во главата и вратот, која пак често предизвикува главоболки. Точките се наоѓаат помеѓу палецот и показалецот.

Лоцирајте ја точката и штипнете ја нежно, но болно 10-тина секунди.

По 10 секунди, почнете да ја масирате точката со палецот и правете кружни движења. 10 секунди движете го во насока на стрелките на часовникот, а 10 секунди обратно.

Повторете на другата дланка.

 

Масажа на нозе

Оваа точка се наоѓа 4 прсти над највисоката точка на вашиот глужд, во празнината зад коската од внатрешната страна на ногата. Лоцирајте ја точката и масирајте ја со палецот со нежен притисок 4-5 секунди. Притискањето на оваа точка го намалува стресот и има смирувачко дејство на умот.

Масажа на вратот

И овој пат станува збор за акупресура. Две точки се лоцирани во празниот дел помеѓу вертикалните мускули на вратот, на основата на черепот. Со показалецот и средниот прст од двете раце нежно притискајте ги точките 10-тина секунди. Потоа пуштете ги и повторете. Оваа масажа ја намалува главоболката предизвикана од напнатоста во вратот. Ќе ви помогне да ја намалите и мигрената.

Масажа помеѓу очите

Овие точки се наоѓаат на двете страни од носот каде што носот се спојува со веѓите. Со показалците нежно притиснете ги двете точки и држете околу 10 секунди. Пуштете и повторете. Оваа масажа ја намалува главоболката предизвикана од проблеми со очите и синусите.

Масажа на рамената

Овие точки се наоѓаат помеѓу рамената, на основата од вратот. Со палецот масирајте ја левата точка со кружни движења околу 1 минута. Потоа повторете на другата страна. Оваа масажа ги релаксира вратот и рамената, а со тоа и главоболката.

Масажа на очите

Овие точки се наоѓаат на надворешниот агол од вашите очи. Со показалците и средните прсти нежно масирајте ги точките сè додека не почувствувате дека болката се намалува. На овој начин ќе се ослободите од болката поврзана со мигрена.

 

главоболканачиниослободување