Брзи и едноставни рецепти за повеќе сила

Вратете ја енергијата со овие 3 моќни напитоци

Закрепнете по тешките празнични трпези со помош на следните три супер-напитоци!

Густ сок од цвекло и морков

Состојки:

– 1 големо цвекло или 2 мали

– 2 големи моркови

– јаболко

– ½ лимон

– парче ѓумбир со големина од 2,5 см

Подготовка:

Цвеклото, морковот и јаболкото измијте ги и исецкајте ги на парчиња. Олупете го лимонот и исчистете го од семки, а ѓумбирот олупете го и исецкајте го. Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте. По желба можете да додадете јогурт.

Здрав зеленчуков коктел

Состојки:

– чешне бел лук

– 3 гранчиња брокула

– шака листови спанаќ

– 5 моркови

– чили

– сол

– јаболков оцет

– маслиново масло

Подготовка:

Целиот зеленчук ставете го во блендер и мешајте. Добиената смеса зачинете ја со чили, оцет и маслиново масло по вкус. Консумирајте веднаш.

Шејк од зелечук

Состојки:

– 4 домати

– ½ краставица

– ½ зелена пиперка

– чешне лук

Подготовка:

Целиот зеленчук измијте го и исецкајте го на парчиња и ставете го во блендер. Според желба, додадете и малку лимонов сок или мед. Одличен додаток е и морковот исецкан на стапчиња кој ќе послужи како декорација и за мешање.

енергјанапитоцисила