Студијата на група истражувачи од Универзитетот во Орегон, објавена во списанието „Неуросајнс“, покажува дека храната богата со масти и шеќери може негативно да влијае на когнитивна флексибилност и на способност на луѓето за прилагодување на промените.
Студијата е изработена врз основа на истражување спроведено со лабораториски глувци, кои конзумирале храна со различни размери на масти и шеќери, а потоа морале да минат низ тестови за нивните ментални и физички функции.
Истражувачите посветиле посебно внимание на бактериите кои се наоѓаат во системот за варење на глувците од секоја контролна група.
– Бактериите можат да испуштат сосотјки кои делуваат како неуротрансмитери и да ги стимулираат нервите или имунолошкиoт ситем и со тоа влијаат на низа биолошки функции, појасни Кети Магнусон, професорка на Факултеtот за ветеринарска медицина и раководител на истражувачкиот тим на Институтот „Линус Паулинг“.
За четири дена, менаталните и физичките способности на глувците кои конзумирале храна со високи масти и шеќер почнале да опаѓаат, особено кога би се промениле една или повеќе варијабили. Како најважен фактор кој влијае на намалување на мозочните функции се идентификувани бактериите во системот за варење.