Бременоста го менува и мозокот на мајката

Освен физичките промени кои ги има телото на мајката во текот на бременоста, утврдено е дека доаѓањето на бебето предизвикува и одредени промени на мозокот на жената.

Бременоста ја менува големината и структурата на подрачјата на мозокот вклучени во разбирање на мислите, чувствата, верувањата и намерите на другите луѓе, се наведува во студијата објавена во во списанието Nature Neuroscience.

Многу од тие промени траат две години по породувањето.

„Не истражувавме дали промените траат и надвор од тој период” – рече Елселине Хоекзема, една од авторките на студијата и научничка на Универзитетот Лејден од Холандија.

Претходните истражувања спроведни на глувци покажале дека некои од промените на мозокот и однесувањето по бременоста траат и до длабока старост, но кај луѓето тоа се уште не е утврдено со оглед на тоа дека овие истражувања траат само две години.

Значењето на тие промени и времето на нивното траење допрва треба да се одреди, порачаа научниците.

бременаменувањемозокпопуларно