Резултатите од американско истражување спроведено неодамна покажува дека жените кои се во брак имаат намален ризик од смрт поради срцеви заболувања отколку нивните врснички кои не се во брак , иако ризикот од заболување од овие болести е ист и кај двете групи. Во големото истражување биле вклучени повеќе од 700.000 жени на просечна возраст од 60 години, од кои ниту една немала проблеми со срцето, мозочен удар, или рак.
Научниците ги набљудувале во период од 8 години. После тоа резултатите покажале дека во тој период повеќе од 30.000 жени биле примени во болница или умреле од болести на срцето. Односно, ризикот од смрт кај мажените жени бил за 28 проценти помал од оние кои не биле во брак или пак партнерите им починале.
– Ефектот на бракот може да го поттикне еден човек да живее поздраво , додека негативните промени како развод или смрт на партнерот влијаат лошо.