Мажите кои се во брак или во стабилна врска имаат посилни и потрајни коски од оние чиј статус е ” сингл” , покажало последното истражување на оваа тема.
Во брак значително е намален ризикот од срцеви и васкуларни заболувања. Најновото истражување покажува дека бракот е добар за коските, но само ако се оженети по 25 година . Истражувачите откриле дека мажите се постабилни, и физички и психички поради фактот што имаат постојан партнер и се чувствуваат посигурни и поуверени. Но тоа не важи за оние со болен развод или тешко разделување со партнерот. Научниците откриле дека истиот систем важи и за жените – силни и стабилни се оние кои го имаат истиот партнер со години.
Ова истражување покажало дека социјалните фактори имаат позитивно влијание врз лачењето на супстанции кои ги зајакнуваат коските.
Резултатите се валидни за старосната граница 25-75 години. Во истражувањето биле вклучени повеќе од илјада мажи со различен брачен статус и врски.