Болката во грбот може да биде опасна

Долготрајните болки во грбот, може предизвикаат намалување на сивата маса на таламусот и трајни промени во мозокот, предупредуваат експерти од американскиот универзитет Нортвестерн.

Таламусот, инаку е дел задолжен за одлучување и социјално однесување на луѓето.

– Лицата со константна болка во грбот имаат намалена активност во одреден дел од мозокот, а промените кои се случуваат со време ја намалуваат ефикасноста на терапијата.

До овие заклучоци се дошло врз основа на паралелни испитувања на здрави луѓе и на оние кои имаат хронична болка во грбот.

– Прегледот со скенер покажал дека кај другите 11 отсто е помала сивата маса во однос на здравите, истакна Ванија Апкаријан од истражувачкиот тим.

болкагрбмозокпопуларно