Бојата на очите покажува дали и која болест ви се заканува

 

Количината на мелалин во зеницата на окото, одредува дали ќе имаме плави, зелени, црни, кафени очи.

Колку е потемна бојата на окото, има повеќе меланин. Темнооките имаат највеќе меланин, оние кои имаат помалку, имаат светлокафени или зелени очи, додека плавооките скоро па немаат меланин во зеницата.

Ако имате кафени или очи со боја на лешник, поголеми се шансите да добиете катаракта, откриваат научните. Од друга страна, можете да се сончате колку што сакате, бидејќи веројатноста да добиете рак на кожа или дегенерација на макулата е многу мала.

Очите кои ги менуваат боите може да бидат знак за сериозно пореметување

Овде не зборуваме за бојата на ирисот, обоениот дел на окото во облик на диск, кој се наоѓа помеѓу рожницата и зеницата. Ако одеднаш окото ви стане црвено, тоа обично укажува на иритација, инфекција или алергија. Или ако белките на очите ви станат жолти, најверојатно имате жолтица, што значи дека главниот проблем е со јетрата која бара лекарска помош.

бојакатарактамеланиночипопуларно