Овие билки ве штитат од штетниот дим од цигарите, хемикалии и зрачење…мора да ги имате дома!
Потрудете се во домот да имате растенија. Растенијата го апсорбираат штетното зрачење што го емитува телевизорот но и ги елиминираат штетните материи што испаруваат од бојата, разредувачите и сретставата за чистење.
Дали знаевте дека е добро да имате барем по едно растение на секои 7 квадратни метри простор?
Меѓу најдобрите елиминатори на негативното зрачење и штетните испарувања се фикусот, папратите, драцените и кактусите.
Драцена маргината
Редовно мора да се прска со вода. Драцената ја намалува концентрацијата на фомалдехиди и на останатите испарливи компоненти на сретствата за чистење, бојата, разредувачите, различните спрејови и дезодоранси… Таа е вистински природен освежувач на воздухот.
Фикус
Верувале или не, Фикусот е најдобро решение за оние домови каде постојано има чад од цигари. Фикусот го неутрализира чадот од цигарите, ја намалува концентрацијата на јаглерод – диоксид и јаглерод – моноксид, но и хемикалиите од голем број фарби и лакови. Фикусот не сака провев и не треба да биде на директно сонце.
Папрат
Папратот ја намалува концентрацијата на формалдехидот што испарува од мебелот, од разлините лепила, бои, детергенти и други материјали. Потребна му е голема количина влага и не смее да биде на директно сонце.