Бил и Мелинда Гејтс го објавија својот прв годишен извештај, посветен на клучните нешта на полето на јавното здравје, а на конференцијата за новинарите отворено проговориле, помеѓу останатото, и за проблемите коишто се’ уште не се решени.
Бил Гејтс така како две најголеми закани по човечкото здравје во следната деценија ги прогласил инфективните болести и хроничните болести.
– Хроничните болести (вклучувајќи ги дијабетесот и Алцхајмеровата болест) и невролошките проблеми стануват се поголем здравствен проблем на денешницата, изјавил Гејтс.
– Во големиот број земји во развој исклучително многу се застапени болести како маларијата, дијарејата, воспалението на белите дробои, туберкулозата и ХИВ-от, додал тој.
Голем број на хронични болести се предизвикани и само од животното опкружување на луѓето. Во развиените земји најголем замав имаат Алцхајмеровата болест и деменцијата. Се проценува дека само на територијата на САД бројот на заболени од овие болести дури тројно ќе се зголеми до 2050-та година. Најголем проблем претставува тоа што научниците се’ уште не знаат што ги предизвикува овие здравствени проблеми. Така, настанокот на болестите им се препишува на фактори како што е генетиката и исхраната. Тука се и срцевите болести и канцерот, коишто на територијата на САД секоја година однесуваат најголем број на животи – 1.2 милиони.
Но, и покрај се’добрата дијагностика, најголем проблем претставуваат големите трошоци за развој на ефикасни третмани.
Од друга страна пак, водечки причинители на инфективните болести во земјите во развој се инсектите коишто ги пренесуваат, загадената вода, нехигиенските животни услови и лошата сексуална здравствена пракса. За таквата состојба најодговорни се владите на земјите и најразличните фондации, чијашто задача е да обезбеди помош за загрозените.
Една од болестите којашто најмногу го загрижува Гејтс е ХИВ-от. Иако во последните 15 години е постигнат значаен напредок на полето на забавување на оваа болест и продолжување на животниот век на пациентот, извештајот говори дека наглиот раст на популацијата во Африка наскоро би можел да доведе до процветување на овој вирус на тоа подрачје, пренесува Business Insider.