Без кои лекови и препарати не смеете да заминете на одмор?

Први на листата се кремите против изгореници, но и препаратите за заштита од каснување од инсекти кои што во аптеките се продаваат без рецепт.

Но во летните торби секогаш има лекови за висока темоература, против болки, за висок крвен притисок, за стомачни тегови, проливи и повраќање. За оваа намена лекарите препорачуваат некој од богатата понуда на пробиотици, но и прашоци – електролити за дехидрација при дијареа.

Кога пак се патува со мали деца се практикува да се носи и спреј за рани и изгореници, крема за заштита од медузи, алергии, гел за миење раце…

Се носи и дополнителен прибор како што се наочарите за сонце, капче или шешир. За заштита од стомачни вируси задолжително се препорачува да се пие флаширана вода.

Лекарите исто така советуваат на своја рака да не се користат антибиотици, бидејќи некој од нив како што е антибиотикот “цитерал# може од дејството на сонцето да предизвика алергиски реакции, па дури и гушење.

Во некои летни аптека, каде може да се најдат и фластери, завои, електронски апарати за заштита од комарци,а се препорачуваат за заштитата од вирусот зика, нилска треска и маларија…Доколку сте алергични на овие хемиски средства може да се користи нешто и од бабината аптека, како што се природни лекови нането, лавандата, ајдучката трева и камилицата. Тие содржат есенцијални масла кои имаат способност да ги блокираат центрите за дишење на комарците и така штитат од каснување.

Она што треба да знаат младите родители комарците се најактивни во зора и во самрак, односно кога ветерот е најслаб и кога има најмногу влага. Кремите и лосионите за заштита од комарците на кожата делуваат до 90 минути.

Бојата на облеката може да влијае врз привлекувањето на комарците, така потемната облека, особено црната или темносината, повеќе ги привлекува комарците од светлите бои. Тие кои носат потемни облеки повеќе се истакнуваат, од оние облечени во посветли тонови.

За да нема изгореници по телото, дерматолозите препорачуваат за заштита на лицето да се користи крема која има заштитен фактор 50, а за тело може и со помал фактор, 30 или 20.Бебињата и малите деца внимателно да се сончаат и во периодот од 11 до 17 часот да не се носат на плажа.

Матичните лекари потсетуваат хронично болните лица пред да тргнат на пат да се снабдат со својата редовната терапија. Модерните времиња носат и нов начин на комуникација со матичните лекари. Голем број лица кога се во странство преку интернет или телефонски се во контакт со своите матични лекари и се советуваат каква терапија да користат во одредени состојби.

Тие потсетуваат дека кога се патува во странство во земјите каде што Фондот за здравствено осигурување на Македонија има потишано договор за здравствено осигурување, да не се носат медикаменти, но задолжително да се поседува потребната потврда која ќе им овозможи бесплатни здравствени услуги.

Но засега како што информираат од оваа здравствена институција со Грција ваков договор не е потишан. За патување во Грција се препорачува патничко осигурување од некоја осигурителна куќа, бидејќи само така може да се си покриете некоја медицинска услуга доколку имате потреба од неа.

аптекалековиморепопуларно