БЕСА и ДПА бараат директорски места само на скопските клиники

Новите коалициони партнери во Владата заинтересирани и за здравствениот сектор. Од ДПА бараат едно а од БЕСА две директорски места на скопските клиники. По референдумот треба да падне одлуката кои здравствени установи ќе ги добијат овие партии. Министерот за здравство во изјава за Сител вели дека новите менаџери од партиите на Гаши и на Тачи мора да бидат стручни лица.
-Јас имав разговори со претставници и од двете партии. Она на што инсистираме е новиот директор да биде стручен и пожелно е да биде наставник а потоа ќе разговараме за политичката припадност, вели Венко Филипче, министер за здравство
Во моментот на голем број директори им се истечени договорите со беа в.д. Филипче вели дека нема да ја вршат должноста нелегално бидејќи повторно ќе добијат решенија на 6 месеци. Во меѓувреме, министерот за здравство најави дека во октомври ќе распишат огласи за директорските места во сите јавни здравствени установи. Но идните раководители ќе мора да полагаат менаџерски испити.
– Овој период ги спремаме прашањата за испитите и формиравме нова комисија бидејќи старата не беше во функција. Набрзо ќе ги распишеме огласите и сите потенцијални кандидати ќе полагаат, вели Филипче.
Инаку, менацерски испит за директорите во јавното здравство беше воведен пред 6 години.

бесадиректоридпаклиникименаџеримзфилипче