Белото месо не е поздраво од црвеното?!

Дали сме биле во заблуда?

За намалување на нивоата на холестерол во крвта, нема никаква врска дали ќе јадете црвено или бело месо, покажува новото истражување.

Влијанието на црвеното месо на појавата на кардиоваскуларните болести не е демантирано, но што се однесува до холестеролот, нема разлика помеѓу бифтекот или пилешкото бело месо, тврдат научниците.

Доброволците биле подложени на „тестот три диети“, каде првата била базирана на црвено месо, втората на бело, а третата не вклучувала месо воопшто.

Анализите покажале дека позитивно влијание на здравјето има исхраната базирана на растителни извори на протеини, додека на нивото на холестерол на идентичен начин влијаат црвеното, односно белото месо.

беломесоцрвено