Бебињата во ист ден да не јадат морков, јаболко, ориз и банана!

Оризот на почетокот на исхраната на детето е основна житарка. Вистина е дека кај некои бебиња предизвикува запек, но со правилен избор на намирници и нивна комбинација овој проблем можеме да го избегнеме.

Важно е на бебињата да им се дава доволно количество вода, бидејќи нејзиното отсуство во организмот исто така може да биде еден од главните причини за запек.

Експертите советуваат кај бебињата, кои имаат тврда столица во ист оброк или во ист ден да не им се дава морков, јаболко, ориз и банана.

Доколку согледате дека на вашето бебе му пречи оризот, можете да преминете на просо, но во секој случај не треба лесно да се откажувате од него.

јаболкоморковоризпопуларнохрана